Изгледа дека проблемот е системски, а не персонален. Ниту разделбата со Ханси Флик, ниту ангажманот на Јулијан Нагелсман не помогна на Германија да застане на нозе осум месеци пред стартот на Европското првенство. Како домаќин наредниот турнир, „осудена“ е да игра само контролни натпревари, а таков треба да е и тој во Виена против Австрија, која треба да покаже дали е во состојба да го поправи впечатокот.
Тоа што досега го прикажаа под водство на Нагелсман е загрижувачки. Пред сè во резултатска смисла. Победи на премиерата екс тренерот на Баерн и Лајпциг, против САД (со пресврт, 3-1), но веќе потоа ремизира со Мексико (2-2), па загуби од Турција во Берлин (2-3). Јасно е по претходните натпревари дека „панцерите“ играат ефикасно, но тоа делува и нестабилно и ранливо.
Дури и пред доаѓањето на Нагелсман, Германците редовно примаа голови. Од стартот на Мундијалот до денес одиграа 13 натпревари и единствено во тестот со Перу ја зачуваа мрежата недопрена (2-0). На преостанатите 12 меча, мрежата им се тресеше 27 пати, што е загрижувачки.
Што се однесува до Австрија, таа се пласираше на ЕП како второпласирана зад Белгија и пред Шведска, Азербејџан и Естонија. Немаше премногу тешка група, но статусот победик во конкуренцијата и можеби место во првиот шешир ги чинеше поразот дома од Белгија. Се истпостави како единствен во циклусот.
Претходниот пат Австрија и Германија се судрија летото 2018 година, во пријателска средба, а во Клагенфурт тогаш славеше домаќинот и тоа со пресврт (2-1).
превземено од gol.mk