Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Македонија без Војдан Стојановски на мегдан со Естонија и Полска?

По возбудувањата во Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, следи репрезентативниот прозорец. Кошаркарската репрезенатција на Македонија ќе се собере во наредните денови во Скопје и ќе се подготвува за дуелите со Естонија и Полска. 

За овој репрезентативен собир селекторот Александар Јончевски веројатно ќе биде без Војдан Стојановски. Еден од носителите на играта на Македонија се повреди во финалето на Купот против Пелистер, а поради тоа е тешко да се очекува дека ќе може да се опорави навреме за дуелите кои следат. 

Стојановски се повреди и не можеше да му помогне на МЗТ во второто полувреме против Пелистер. Станува збор за повреда на задниот бутен мускул, што не е многу сериозно, меѓутоа времето за заздравување е премало. 

Македонија в петок ќе ја дочека Естонија во СРЦ „Кале“, додека три дена подоцна следи гостување во Полска.