Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Еве кој заработи најмногу од дресови во 2023, европскиот првак не е во „топ 10“

Европската куќа на фудбалот го претстави финансискиот извештај за 2023 година, а дел од него се и бројките кои ја покажуваат заработката на европските клубови од дресови и останатите клупски продукти. 

На врвот повторно се најде Барселона, која иако повеќе го нема Меси заработи 178 милиони евра од продажба на облека со своите обележја. По нив секако е Реал Мадрид (155 милиони), а уште три клуба беа над границата од сто милиони. 

  • Листа на клубови кои заработија најмногу од дресови во 2023:
  1. Барселона (178 милиони евра)
  2. Реал Мадрид (155 милиони евра)
  3. Баерн Минхен (147 милиони евра)
  4. Ливерпул (132 милиони евра)
  5. Манчестер Јунајтед (130 милиони евра)
  6. ПСЖ (97 милиони евра)
  7. Арсенал (89 милиони евра)
  8. Челзи (87 милиони евра)
  9. Тотенхем (74 милиони евра)
  10. Јувентус (74 милиони евра)

Делегирани судиите за првото пролетно коло, Ставрев ќе им суди на Гостивар и Вардар

Со натпреварот меѓу Гостивар и Вардар в сабота од 14:00 часот ќе се крене завесата на пролетта во ПМФЛ. Надлежните во Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегираа арбитрите за викенд дуелите во мак-фудбалот. 

На центарот на дуелот во Гостивар на дуелот со вардарци ќе застане нашиот најквалитетен судија Александар Ставрев. Останатите натпревари се играат в недела, а делегирани за оваа рунда се уште Стојанче Трпчевски, Марјан Младеновски, Александар Грујоски, Димитар Пилешков и Ндерим Тефику.

Делегирање за 19. коло во ПМФЛ:
Сабота (17.02.2024 – 14:00 часот)

Гостивар – Вардар (Александар Ставрев, Скопје)

Недела (18.02.2024 – 14:00 часот)
Македонија ЃП – Шкендија (Стојанче Трпчевски, Кавадарци)
Шкупи – Воска Спорт (Александар Грујоски, Кичево)
Силекс – Брера (Марјан Младеновски, Скопје)
Работнички – Струга ТЉ (Димитар Пилешков, Штип)
Брегалница – Тиквеш (Ндерим Тефику, Куманово)

Освен ПМФЛ, в сабота ќе тргнат и возбудувањата од 16. коло кај второлигашите, а и таму се делегирани арбитрите. На дуелот меѓу Охрид и Башкими ќе суди Сашко Ристов, Дејан Младеновски е задолжен за правдата меѓу Тетекс и Победа, на пресметката меѓу Беса и Осогово е делегиран Миле Лазов, в Битола на мечот меѓу Пелистер и Беласица ќе суди Александар Василевкси. Доне Ристовски е одбран за натпреварот на Арсими и Новаци, Александар Урошевиќ ќе дели правда на дуелот меѓу Скопје и Саса, Кирил Смоквоски е одбран за мечот на Вардар Неготино и Детонит, додека за средбата на Караорман и Кожуф е делегиран Владимир Ѓорѓиевски.

Мал пад на Македонија на новата ранг листа на ФИФА

По завршувањето на Азискиот Куп и Африканскиот Куп на Нации, Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави првата ранг листа во 2024 година.

Нашата селекција во овој период не одигра ниту еден натпревар, па забележа мал пад на оваа листа. Македонија од 65. место, на кое ја заврши 2023 година сега е на 68. позиција со 1362 бода. Под нас се Обединетите арапски емирати и сензацијата на Азискиот Куп, Јордан, додека пред нас се и Гана, Узбекистан, Албанија…

Најголемиот скок го направија финалистите на Африканскиот Куп на нации. Шампионот Брегот на Слоновата Коска се пресели од 49. на 39. место, додека Нигерија од 42. на 28. позиција.

Нема промени меѓу првите десет. Аргентина и натаму е на врвот, пред Франција и Англија. Од четврто до десетто место се пласираа Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска. 

Мечкаровски: Не сме задоволни од физичката подготвеност на одредени судии, грешките во пролетната сезона мора да се сведат на минимум!

Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 7. до 11. февруари во Кичево организираше заеднички семинар за фудбалски судии и судиски контролори пред самиот старт на втората полусезона од натпреварувачката 2023/24 сезона.

Во првиот дел од семинарот се одржа предавање за контролорите од најновите материјали од УЕФА, како и давање насоки за новата сезона. Во  наредните денови се работеше со главните и асистетнти судии, односно со мерење на висина и масно ткиво на судиите, предавања од најновите презентации со видео клипови од  УЕФА, полагање на видео тест за судиите и на крај полагање на физичките норми.

Eлмас со респект, но без страв против Реал Мадрид: Вечерва одиме на победа!

Maкедонскиот фудбалер Елиф Елмас вечерва го очекува натпреварот против Реал Мадрид, неговиот Лајпциг е домаќин на „кралевите“ кои и оваа сезона се едни од најсериозните кандидати за европскиот трон.

Гвардиола: Нема да ни биде лесно, ќе страдаме во Копенхаген

„Копенхаген е солиден тим, кој покажа дека може да игра со гигантите. Ние сме мотивирани и знаеме што треба да направиме, но мислам дека воопшто нема да биде лесно. Сити ќе страда во Данска, на теренот битката ќе биде жестока.

Тие се пласираа во разигрувањето по подолго време и сигурно ќе сакаат да одат чекор напред. Таков е менталитетот на луѓето, успехот секогаш бара нови успеси. Го почитуваме ривалот, но ќе се обидеме да победиме“, рече Шпанецот. 

Ворнок е одушевен од Миовски: Тој е најдобриот напаѓач што сум го тренирал!

Бојан Миовски продолжи да игра во врвна форма, даде два гола за Абердин во осминафиналеот на Шкотскиот куп против нисколигашот Бониринг Роуз.

По овој натпревар, одново со медиумите тренерот Нил Ворнок мораше да зборува за македонскиот напаѓач. Искусниот стратег имаше само пофални зборови за Миовски, а призна дека тој е најдобар напаѓач кој го тренирал.

„Што можам да кажам за Миовски? Верувале или не, пред натпреварот му кажав да постигне неколку голови и да го заменам на полувреме или ако сака уште 15 минути за хет-трик ќе го оставам. Тој сакаше да игра повеќе, станува збор за врвен голгетер. Низ кариерата секогаш сум се мачел зо добри напаѓачи. Имав добри голмани, дефанзивци и играчи за врска, ама никогаш врвен напаѓач. Иронично е што е во оваа фаза на кариерата, но Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.

Интересно е дека Ворнок во својата кариера во Англија водеше и неколку значајни имиња. Во Премиер лигата беше тренер на 112 натпревари, додека најмногу време од кариерата мина во Чемпионшип лигата.

Рајс заплака по евроголот, Арсенал со рекорден триумф кај Вест Хем

Екипата на Арсенал го забележа најголемиот триумф сезонава, а воедно и му го нанесе најголемиот пораз на Вест Хем во меѓусебните пресметки, откако во големото градско дерби на 24. коло во англиската Премиер лига славеше со огромни и преубедливи 0-6 (0-4).

„Чеканите“ на Дејвид Мојс беа загубени на теренот уште од самиот старт, а гостинскиот тим ги казнуваше сите грешки и водеше со големи 0-4 уште на паузата. Салиба и Сака најпрво донесоа водство од 0-2, а третиот погодок беше дело на екс-ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс. Леандро Тросард го постигна четвртиот гол за Арсенал и го одведе тимот на одмор со огромна предност, 0-4

Вторите 45 минути донесоа за нијанса помирно темпо, но домашните фудбалери не беа ниту близу до барем почесен погодок. „Топчиите“ продолжија да го „мелат“ вечниот лондонски ривал и постигнаа уште два гола преку Букајо Сака и Деклан Рајс. Вториот постигна спектакуларен погодок од триесетина метри и заплака при прославата, покажувајќи голема почит за неговиот поранешен клуб.

Карагер го критикува ВАР-пеналот, а Миовски оригинално му одговори

Репрезентацијата на Македонија ремизира во мечот со Англија (1-1), во последниот квалификациски натпревар од Европското првенство. Првото полувреме го одбележаа два спорни моменти, во кои Македонија можеше да добие два пенали. Откако прво судиите останаа неми кога Мегваер го собори Елмас, во вториот момент по удар со рака на Рико Луис во лицето на Бојан Миовски, ВАР проверката го натера словачкиот арбитар да покаже на 11 метри.

Критики до арбитражата испрати легендата на Ливерпул, Џејми Карагер. Поранешниот стопер го прокоментира досудениот пенал за Македонија и го карактеризира како нереален, ама го посочи и моментот при фаулот на Мегваер.

„Бизарно е какви ВАР пенали се судат ширум Европа. Уште побизарно е дека не го досудија првиот по стартот на Мегваер“, напиша Карагер.

На оваа објава на Карагер на Твитер, оригинален одговор му испрати Бојан Миовски. Нашиот напаѓач му нашиша само „Бла, бла, бла“ во стил дека бадијала зборува.

Македонија го заврши циклусот со две победи над Малта и ремија против Англија и Италија. Сепак, по еднаш бевме поразени од гигантите, а двапати и од Украинците.

Атанасов: Заслуживме честитки поради тоа како се носевме со Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра големо реми против Англичаните, за крај на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ понуди добра игра на нашиот тим и еден во низата историски резултати.

По средбата, задоволството не го криеше Јани Атанасов. Играчот на Крајова несреќно помогна при голот на Хари Кејн, ама имаше солидна партија на средината од теренот.

„Заслужуваме честитки затоа што против една ваква Англија, кога се носиш и кога играш за публика, го заслужуваш тоа. Честитки за момците за прикажаното, одигравме фудбал за нашата публика, бевме храбри и голема благодарност до целиот тим затоа што секој играше за секого“, изјави Атанасов.

Иако не се пласиравме на Европско првенство, вреди да се напомене дека ја добивме веројатно најтешката група во квалификациите.