Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Еве кој заработи најмногу од дресови во 2023, европскиот првак не е во „топ 10“

Европската куќа на фудбалот го претстави финансискиот извештај за 2023 година, а дел од него се и бројките кои ја покажуваат заработката на европските клубови од дресови и останатите клупски продукти. 

На врвот повторно се најде Барселона, која иако повеќе го нема Меси заработи 178 милиони евра од продажба на облека со своите обележја. По нив секако е Реал Мадрид (155 милиони), а уште три клуба беа над границата од сто милиони. 

  • Листа на клубови кои заработија најмногу од дресови во 2023:
  1. Барселона (178 милиони евра)
  2. Реал Мадрид (155 милиони евра)
  3. Баерн Минхен (147 милиони евра)
  4. Ливерпул (132 милиони евра)
  5. Манчестер Јунајтед (130 милиони евра)
  6. ПСЖ (97 милиони евра)
  7. Арсенал (89 милиони евра)
  8. Челзи (87 милиони евра)
  9. Тотенхем (74 милиони евра)
  10. Јувентус (74 милиони евра)

Македонија без Војдан Стојановски на мегдан со Естонија и Полска?

По возбудувањата во Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, следи репрезентативниот прозорец. Кошаркарската репрезенатција на Македонија ќе се собере во наредните денови во Скопје и ќе се подготвува за дуелите со Естонија и Полска. 

За овој репрезентативен собир селекторот Александар Јончевски веројатно ќе биде без Војдан Стојановски. Еден од носителите на играта на Македонија се повреди во финалето на Купот против Пелистер, а поради тоа е тешко да се очекува дека ќе може да се опорави навреме за дуелите кои следат. 

Стојановски се повреди и не можеше да му помогне на МЗТ во второто полувреме против Пелистер. Станува збор за повреда на задниот бутен мускул, што не е многу сериозно, меѓутоа времето за заздравување е премало. 

Македонија в петок ќе ја дочека Естонија во СРЦ „Кале“, додека три дена подоцна следи гостување во Полска.

Делегирани судиите за првото пролетно коло, Ставрев ќе им суди на Гостивар и Вардар

Со натпреварот меѓу Гостивар и Вардар в сабота од 14:00 часот ќе се крене завесата на пролетта во ПМФЛ. Надлежните во Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегираа арбитрите за викенд дуелите во мак-фудбалот. 

На центарот на дуелот во Гостивар на дуелот со вардарци ќе застане нашиот најквалитетен судија Александар Ставрев. Останатите натпревари се играат в недела, а делегирани за оваа рунда се уште Стојанче Трпчевски, Марјан Младеновски, Александар Грујоски, Димитар Пилешков и Ндерим Тефику.

Делегирање за 19. коло во ПМФЛ:
Сабота (17.02.2024 – 14:00 часот)

Гостивар – Вардар (Александар Ставрев, Скопје)

Недела (18.02.2024 – 14:00 часот)
Македонија ЃП – Шкендија (Стојанче Трпчевски, Кавадарци)
Шкупи – Воска Спорт (Александар Грујоски, Кичево)
Силекс – Брера (Марјан Младеновски, Скопје)
Работнички – Струга ТЉ (Димитар Пилешков, Штип)
Брегалница – Тиквеш (Ндерим Тефику, Куманово)

Освен ПМФЛ, в сабота ќе тргнат и возбудувањата од 16. коло кај второлигашите, а и таму се делегирани арбитрите. На дуелот меѓу Охрид и Башкими ќе суди Сашко Ристов, Дејан Младеновски е задолжен за правдата меѓу Тетекс и Победа, на пресметката меѓу Беса и Осогово е делегиран Миле Лазов, в Битола на мечот меѓу Пелистер и Беласица ќе суди Александар Василевкси. Доне Ристовски е одбран за натпреварот на Арсими и Новаци, Александар Урошевиќ ќе дели правда на дуелот меѓу Скопје и Саса, Кирил Смоквоски е одбран за мечот на Вардар Неготино и Детонит, додека за средбата на Караорман и Кожуф е делегиран Владимир Ѓорѓиевски.

Фјури побарал одложување: Боксерскиот спектакл се поместува за следната година?

fjuri

Украинецот Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се борат на 17 февруари следната година во Ријад за обединување на сите титули во тешка категорија, пренесуваат светските медиуми.

Усик и Фјури требаше да се пресметаат на 23 декември, но Британецот побара да се одложи мечот за неколку месеци, бидејќи пред неколку недели во десет рунди го победи поранешниот УФЦ шампион на Камерун, Френсис Нгану.

Фјури е актуелен светски шампион во тешка категорија во ВБЦ категоријата, а Усик ги поседува шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а победникот од овој меч ќе ги обедини титулите во сите федерации.

Светските медиуми јавуваат дека во четврток на 16 ноември во Лондон ќе се одржи официјална прес-конференција на која ќе биде соопштено дека борбата ќе се одржи на 17 февруари следната година во Ријад.

Карагер го критикува ВАР-пеналот, а Миовски оригинално му одговори

Репрезентацијата на Македонија ремизира во мечот со Англија (1-1), во последниот квалификациски натпревар од Европското првенство. Првото полувреме го одбележаа два спорни моменти, во кои Македонија можеше да добие два пенали. Откако прво судиите останаа неми кога Мегваер го собори Елмас, во вториот момент по удар со рака на Рико Луис во лицето на Бојан Миовски, ВАР проверката го натера словачкиот арбитар да покаже на 11 метри.

Критики до арбитражата испрати легендата на Ливерпул, Џејми Карагер. Поранешниот стопер го прокоментира досудениот пенал за Македонија и го карактеризира како нереален, ама го посочи и моментот при фаулот на Мегваер.

„Бизарно е какви ВАР пенали се судат ширум Европа. Уште побизарно е дека не го досудија првиот по стартот на Мегваер“, напиша Карагер.

На оваа објава на Карагер на Твитер, оригинален одговор му испрати Бојан Миовски. Нашиот напаѓач му нашиша само „Бла, бла, бла“ во стил дека бадијала зборува.

Македонија го заврши циклусот со две победи над Малта и ремија против Англија и Италија. Сепак, по еднаш бевме поразени од гигантите, а двапати и од Украинците.

Атанасов: Заслуживме честитки поради тоа како се носевме со Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра големо реми против Англичаните, за крај на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ понуди добра игра на нашиот тим и еден во низата историски резултати.

По средбата, задоволството не го криеше Јани Атанасов. Играчот на Крајова несреќно помогна при голот на Хари Кејн, ама имаше солидна партија на средината од теренот.

„Заслужуваме честитки затоа што против една ваква Англија, кога се носиш и кога играш за публика, го заслужуваш тоа. Честитки за момците за прикажаното, одигравме фудбал за нашата публика, бевме храбри и голема благодарност до целиот тим затоа што секој играше за секого“, изјави Атанасов.

Иако не се пласиравме на Европско првенство, вреди да се напомене дека ја добивме веројатно најтешката група во квалификациите.

Ниту Нагелсман не ги залечи раните, Германија е со проблеми пред ЕП

фудбал be fit

Изгледа дека проблемот е системски, а не персонален. Ниту разделбата со Ханси Флик, ниту ангажманот на Јулијан Нагелсман не помогна на Германија да застане на нозе осум месеци пред стартот на Европското првенство. Како домаќин наредниот турнир, „осудена“ е да игра само контролни натпревари, а таков треба да е и тој во Виена против Австрија, која треба да покаже дали е во состојба да го поправи впечатокот.

Тоа што досега го прикажаа под водство на Нагелсман е загрижувачки. Пред сè во резултатска смисла. Победи на премиерата екс тренерот на Баерн и Лајпциг, против САД (со пресврт, 3-1), но веќе потоа ремизира со Мексико (2-2), па загуби од Турција во Берлин (2-3). Јасно е по претходните натпревари дека „панцерите“ играат ефикасно, но тоа делува и нестабилно и ранливо.

Дури и пред доаѓањето на Нагелсман, Германците редовно примаа голови. Од стартот на Мундијалот до денес одиграа 13 натпревари и единствено во тестот со Перу ја зачуваа мрежата недопрена (2-0). На преостанатите 12 меча, мрежата им се тресеше 27 пати, што е загрижувачки.

Што се однесува до Австрија, таа се пласираше на ЕП како второпласирана зад Белгија и пред Шведска, Азербејџан и Естонија. Немаше премногу тешка група, но статусот победик во конкуренцијата и можеби место во првиот шешир ги чинеше поразот дома од Белгија. Се истпостави како единствен во циклусот.

Претходниот пат Австрија и Германија се судрија летото 2018 година, во пријателска средба, а во Клагенфурт тогаш славеше домаќинот и тоа со пресврт (2-1).

превземено од gol.mk