Еден од кандидатите за освојување на пехарот во Лигата на Европа, екипата на Ливерпул во 1/4 финалето ќе игра против Аталанта. Ова е исходот од ждрепката одржана во Нион.
Италијанско дерби во 1/4 финалето и дуел помеѓу Милан и Рома, што значи дека еден италијански тим сигурно ќе оди во полуфиналето на ова натпреварување. Баер Леверкузен кој со многу среќа мина во 1/4 финалето, за противник го доби Вест Хем, додека Бенфика ќе игра против Олимпик Марсеј.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ
МИЛАН – РОМА
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА
БАЕР Л. – ВЕСТ ХЕМ
БЕНФИКА – ОЛИМПИК МАРСЕЈ
ЛИГА НА ЕВРОПА 1/2 ФИНАЛЕ
БЕНФИКА/ОЛИМПИК М. – ЛИВЕРПУЛ/АТАЛАНТА
МИЛАН/РОМА – БАЕР Л./ВЕСТ ХЕМ
превземено од Екипа.мк