Неверојатни сцени ни доаѓаат од Турција, каде се играше дерби натпреварот од Суперлигата помеѓу Трабзонспор и Фенербахче. Гостите победија со конечни 2-3, а нашиот Енис Барди постигна неверојатен погодок од слободен удар, но вниманието на јавноста го привлече огромниот инцидент кој се случи по завршувањето на мечот.
Фудбалерите на Фенербахче го прославуваа триумфот, па во еден момент на теренот влетаа хулигани кои ги нападнаа гостинските играчи, а највоинствен беше Мичи Батчуаји, кој со кунг-фу удар нокатураше еден од навивачите кој трчаше директно кон негo.
превземено од Gol.mk