Косопственичката на Њукасл Јунајтед, Аманда Стејвли ја разбранува фудбалската јавност со своето последно излагање. Таа гостуваше на самит во Џеда, каде што зборуваше за управувањето на фудбалот, па се осврна и на Саудиска Арабија.
Според неа, клуб од оваа земја во блиска иднина ќе заигра во Лигата на шампионите. Таа кажа дека има инсајдерски информации на оваа тема и најави влегување на Саудијците во европскиот фудбал.