Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 7. до 11. февруари во Кичево организираше заеднички семинар за фудбалски судии и судиски контролори пред самиот старт на втората полусезона од натпреварувачката 2023/24 сезона.
Во првиот дел од семинарот се одржа предавање за контролорите од најновите материјали од УЕФА, како и давање насоки за новата сезона. Во наредните денови се работеше со главните и асистетнти судии, односно со мерење на висина и масно ткиво на судиите, предавања од најновите презентации со видео клипови од УЕФА, полагање на видео тест за судиите и на крај полагање на физичките норми.