Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Ворнок е одушевен од Миовски: Тој е најдобриот напаѓач што сум го тренирал!

miovski

Бојан Миовски продолжи да игра во врвна форма, даде два гола за Абердин во осминафиналеот на Шкотскиот куп против нисколигашот Бониринг Роуз.

По овој натпревар, одново со медиумите тренерот Нил Ворнок мораше да зборува за македонскиот напаѓач. Искусниот стратег имаше само пофални зборови за Миовски, а призна дека тој е најдобар напаѓач кој го тренирал.

„Што можам да кажам за Миовски? Верувале или не, пред натпреварот му кажав да постигне неколку голови и да го заменам на полувреме или ако сака уште 15 минути за хет-трик ќе го оставам. Тој сакаше да игра повеќе, станува збор за врвен голгетер. Низ кариерата секогаш сум се мачел зо добри напаѓачи. Имав добри голмани, дефанзивци и играчи за врска, ама никогаш врвен напаѓач. Иронично е што е во оваа фаза на кариерата, но Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.

Интересно е дека Ворнок во својата кариера во Англија водеше и неколку значајни имиња. Во Премиер лигата беше тренер на 112 натпревари, додека најмногу време од кариерата мина во Чемпионшип лигата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *