Украинецот Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се борат на 17 февруари следната година во Ријад за обединување на сите титули во тешка категорија, пренесуваат светските медиуми.
Усик и Фјури требаше да се пресметаат на 23 декември, но Британецот побара да се одложи мечот за неколку месеци, бидејќи пред неколку недели во десет рунди го победи поранешниот УФЦ шампион на Камерун, Френсис Нгану.
Фјури е актуелен светски шампион во тешка категорија во ВБЦ категоријата, а Усик ги поседува шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а победникот од овој меч ќе ги обедини титулите во сите федерации.
Светските медиуми јавуваат дека во четврток на 16 ноември во Лондон ќе се одржи официјална прес-конференција на која ќе биде соопштено дека борбата ќе се одржи на 17 февруари следната година во Ријад.