Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Суперкомпјутер прогнозира кој ќе ја освои ЛШ, еве кои екипи имаат најмногу шанси!

Фудбалската Лига на шампиони влезе во завршна фаза, на програмата се натпреварите од четвртфиналната фаза. „Опта“, сајтот за фудбалска статистика, објави кој има најголеми шанси да победи во елитното европско клупско натпреварување.

Тие користеле суперкомпјутер за да ги одредат шансите. Според пресметките, Манчестер Сити има најголеми шанси за освојување на Лигата на шампионите – 28,3 отсто. На второ место е Реал Мадрид со 15 отсто, а на трето е ПСЖ со само нешто помали шанси од Реал – 14,7 отсто.
Најмалку шанси за освојување на Лигата на шампионите има Атлетико Мадрид – само пет проценти.

Терористи најавиле напади на натпреварите од Лигата на шампионите!

На четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите оваа недела во Мадрид, Париз и Лондон, безбедноста ќе биде зголемена по наводните терористички закани на сите четири натпревари.

Ова го објави „Скај“, кој соопшти дека УЕФА е свесна за наводните терористички закани и подолго време соработувала со трите градови домаќини.

превземено од Gol.mk