Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Ворнок е одушевен од Миовски: Тој е најдобриот напаѓач што сум го тренирал!

Бојан Миовски продолжи да игра во врвна форма, даде два гола за Абердин во осминафиналеот на Шкотскиот куп против нисколигашот Бониринг Роуз.

По овој натпревар, одново со медиумите тренерот Нил Ворнок мораше да зборува за македонскиот напаѓач. Искусниот стратег имаше само пофални зборови за Миовски, а призна дека тој е најдобар напаѓач кој го тренирал.

„Што можам да кажам за Миовски? Верувале или не, пред натпреварот му кажав да постигне неколку голови и да го заменам на полувреме или ако сака уште 15 минути за хет-трик ќе го оставам. Тој сакаше да игра повеќе, станува збор за врвен голгетер. Низ кариерата секогаш сум се мачел зо добри напаѓачи. Имав добри голмани, дефанзивци и играчи за врска, ама никогаш врвен напаѓач. Иронично е што е во оваа фаза на кариерата, но Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.

Интересно е дека Ворнок во својата кариера во Англија водеше и неколку значајни имиња. Во Премиер лигата беше тренер на 112 натпревари, додека најмногу време од кариерата мина во Чемпионшип лигата.

Рајс заплака по евроголот, Арсенал со рекорден триумф кај Вест Хем

Екипата на Арсенал го забележа најголемиот триумф сезонава, а воедно и му го нанесе најголемиот пораз на Вест Хем во меѓусебните пресметки, откако во големото градско дерби на 24. коло во англиската Премиер лига славеше со огромни и преубедливи 0-6 (0-4).

„Чеканите“ на Дејвид Мојс беа загубени на теренот уште од самиот старт, а гостинскиот тим ги казнуваше сите грешки и водеше со големи 0-4 уште на паузата. Салиба и Сака најпрво донесоа водство од 0-2, а третиот погодок беше дело на екс-ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс. Леандро Тросард го постигна четвртиот гол за Арсенал и го одведе тимот на одмор со огромна предност, 0-4

Вторите 45 минути донесоа за нијанса помирно темпо, но домашните фудбалери не беа ниту близу до барем почесен погодок. „Топчиите“ продолжија да го „мелат“ вечниот лондонски ривал и постигнаа уште два гола преку Букајо Сака и Деклан Рајс. Вториот постигна спектакуларен погодок од триесетина метри и заплака при прославата, покажувајќи голема почит за неговиот поранешен клуб.