Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Фјури побарал одложување: Боксерскиот спектакл се поместува за следната година?

fjuri

Украинецот Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се борат на 17 февруари следната година во Ријад за обединување на сите титули во тешка категорија, пренесуваат светските медиуми.

Усик и Фјури требаше да се пресметаат на 23 декември, но Британецот побара да се одложи мечот за неколку месеци, бидејќи пред неколку недели во десет рунди го победи поранешниот УФЦ шампион на Камерун, Френсис Нгану.

Фјури е актуелен светски шампион во тешка категорија во ВБЦ категоријата, а Усик ги поседува шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а победникот од овој меч ќе ги обедини титулите во сите федерации.

Светските медиуми јавуваат дека во четврток на 16 ноември во Лондон ќе се одржи официјална прес-конференција на која ќе биде соопштено дека борбата ќе се одржи на 17 февруари следната година во Ријад.

Карагер го критикува ВАР-пеналот, а Миовски оригинално му одговори

Репрезентацијата на Македонија ремизира во мечот со Англија (1-1), во последниот квалификациски натпревар од Европското првенство. Првото полувреме го одбележаа два спорни моменти, во кои Македонија можеше да добие два пенали. Откако прво судиите останаа неми кога Мегваер го собори Елмас, во вториот момент по удар со рака на Рико Луис во лицето на Бојан Миовски, ВАР проверката го натера словачкиот арбитар да покаже на 11 метри.

Критики до арбитражата испрати легендата на Ливерпул, Џејми Карагер. Поранешниот стопер го прокоментира досудениот пенал за Македонија и го карактеризира како нереален, ама го посочи и моментот при фаулот на Мегваер.

„Бизарно е какви ВАР пенали се судат ширум Европа. Уште побизарно е дека не го досудија првиот по стартот на Мегваер“, напиша Карагер.

На оваа објава на Карагер на Твитер, оригинален одговор му испрати Бојан Миовски. Нашиот напаѓач му нашиша само „Бла, бла, бла“ во стил дека бадијала зборува.

Македонија го заврши циклусот со две победи над Малта и ремија против Англија и Италија. Сепак, по еднаш бевме поразени од гигантите, а двапати и од Украинците.

Атанасов: Заслуживме честитки поради тоа како се носевме со Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра големо реми против Англичаните, за крај на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ понуди добра игра на нашиот тим и еден во низата историски резултати.

По средбата, задоволството не го криеше Јани Атанасов. Играчот на Крајова несреќно помогна при голот на Хари Кејн, ама имаше солидна партија на средината од теренот.

„Заслужуваме честитки затоа што против една ваква Англија, кога се носиш и кога играш за публика, го заслужуваш тоа. Честитки за момците за прикажаното, одигравме фудбал за нашата публика, бевме храбри и голема благодарност до целиот тим затоа што секој играше за секого“, изјави Атанасов.

Иако не се пласиравме на Европско првенство, вреди да се напомене дека ја добивме веројатно најтешката група во квалификациите.

Ниту Нагелсман не ги залечи раните, Германија е со проблеми пред ЕП

фудбал be fit

Изгледа дека проблемот е системски, а не персонален. Ниту разделбата со Ханси Флик, ниту ангажманот на Јулијан Нагелсман не помогна на Германија да застане на нозе осум месеци пред стартот на Европското првенство. Како домаќин наредниот турнир, „осудена“ е да игра само контролни натпревари, а таков треба да е и тој во Виена против Австрија, која треба да покаже дали е во состојба да го поправи впечатокот.

Тоа што досега го прикажаа под водство на Нагелсман е загрижувачки. Пред сè во резултатска смисла. Победи на премиерата екс тренерот на Баерн и Лајпциг, против САД (со пресврт, 3-1), но веќе потоа ремизира со Мексико (2-2), па загуби од Турција во Берлин (2-3). Јасно е по претходните натпревари дека „панцерите“ играат ефикасно, но тоа делува и нестабилно и ранливо.

Дури и пред доаѓањето на Нагелсман, Германците редовно примаа голови. Од стартот на Мундијалот до денес одиграа 13 натпревари и единствено во тестот со Перу ја зачуваа мрежата недопрена (2-0). На преостанатите 12 меча, мрежата им се тресеше 27 пати, што е загрижувачки.

Што се однесува до Австрија, таа се пласираше на ЕП како второпласирана зад Белгија и пред Шведска, Азербејџан и Естонија. Немаше премногу тешка група, но статусот победик во конкуренцијата и можеби место во првиот шешир ги чинеше поразот дома од Белгија. Се истпостави како единствен во циклусот.

Претходниот пат Австрија и Германија се судрија летото 2018 година, во пријателска средба, а во Клагенфурт тогаш славеше домаќинот и тоа со пресврт (2-1).

превземено од gol.mk