Македонската фудбалска репрезентација повеќе нема да смета на услугите на Аријан Адеми. Фудбалерот за врска одлучи дека е време за крај на репрезентативната кариера, а неговата одлука ја соопшти селекторот Благоја Милевски.
Предводникот на нашиот национален состав зборуваше за списокот на фудбалери за натпреварите против Молдавија и Црна Гора во Анталија и ги откри новостите. Адеми мачеше мака со повреди во претходните години, а сега одлучи да се посвети само на клупскиот фудбал.