Англиската Премиер лига останува без највозрасниот менаџер меѓу членовите на елитното друштво. Сите медиуми на Островот ја потврдија веста дека Рој Хоџсон дефинитивно го напушшти Кристал Палас, а управата ќе го соопшти името на новиот тренер до крајот на неделава.
За 76-годишниот стратег ова беше втор престој во клубот, откако претходно го водеше во периодот од 2017 до 2021 година. Прекинот на соработката доаѓа поради две причини – лошата серија од три победи на последните 16 мечеви, како и влошеното здравје на тренерот.