Be Fit

be fit logo
homepage fitness

Атанасов: Заслуживме честитки поради тоа како се носевме со Англија

atanasov

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра големо реми против Англичаните, за крај на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот на Арената „Тодор Проески“ понуди добра игра на нашиот тим и еден во низата историски резултати.

По средбата, задоволството не го криеше Јани Атанасов. Играчот на Крајова несреќно помогна при голот на Хари Кејн, ама имаше солидна партија на средината од теренот.

„Заслужуваме честитки затоа што против една ваква Англија, кога се носиш и кога играш за публика, го заслужуваш тоа. Честитки за момците за прикажаното, одигравме фудбал за нашата публика, бевме храбри и голема благодарност до целиот тим затоа што секој играше за секого“, изјави Атанасов.

Иако не се пласиравме на Европско првенство, вреди да се напомене дека ја добивме веројатно најтешката група во квалификациите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *